3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

СДСМ: Владата во заминување ги стави во опасност и без струја граѓаните на Македонија

Деновиве во Македонија зафати „сибирска“ зима, па температурите на одредени места се и дури 20 степени под нулата. И покрај ниските температури, неколку места низ државата останаа без електрична енергија, па затоа од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, излегоа со соопштение во кое вината ја префрлија на владеачката ВМРО ДМПНЕ и побараа објаснување.

Во интерес на навремено информирање, бараме Владата во заминување веднаш да им соопшти на граѓаните дали ги остави без струја!

Дали има сериозен ризик домакинствата да останат без струја, затоа што е драстично намалено домашното производство на струја?

Според нашите информации, ситуацијата е сериозна.

Македонија е речиси без струја. Постојано не работат некои од блоковите на РЕК Битола.

Енергетскиот комбинат е во ваква состојба и покрај наводните поправки што досега ги чинат граѓаните неколку стотици милиони евра.

Многу граѓани поради несериозните политики на досегашната власт, го откажаа парното и се греат на струја.

Важно е луѓето да знаат дали се оставени без струја на големиот студ што ја зафати Македонија.

Според нашите информации Владата во заминување, за да го покрие скандалот, бара интеревентен увоз на струја од странство.

Ако е така, колку ќе ги чини граѓаните интервентниот увоз на струја и дали е тоа решение?

Бараме Владата во заминување веднаш да ги даде овие одговори на граѓаните.

Укажуваме дека несериозната власт во заминување не смее да прави штета на граѓаните на Република Македонија.“, стои во соопштението од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави