11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Екстремно ниски температури ја зафатија територијата на Македонија, најниската -28 степени

Територијата на Македонија ја зафати поларен бран со екстремно ниски температури. Водите на реките и езерата ширум државата се обвиени со бела покривка формирана од мраз.

Според УХМР, најниската температура во текот на ноќта била измерена во Берово -28 степени, додека пак во Делчево -26. Покрај источниот регион, ниски температури беа измерени и во Битола -25, Маврово -24, Лазарополе и Крива Паланка -23, Тетово и Крушево -22, Скопје, Петровец, Штип и Прилеп -18, Охрид и Претор -16, Дебар -15, Дојран -12, а највисока била во Гевгелија – 10 степени.

Според метеролозите, времето во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со температури од -12 до -7 степени, а ќе има и услови за провејување на слаб снег.

Благ пораст на температурите се очекува дури од среда, а од петокот ќе бидеме под јужно струење на воздухот, кога се очекува и пораст на температурите.

поврзани објави

Последни објави