7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Ји: Да се реши спорот со името и да се спроведат реформи за напредок на земјата

Заменик помошникот државен секретар  на САД за ЕВропа и Евро Азија Хојт Ји рече дека Македонија докажа дека ако се има политичка волја,  политичките кризи и тешкотииите може да се надминат. Тоа е чекор за поздравување , но и  позитивен пример кој треба да го следи остатокот од регионот.

И покрај тоа што имаше тешки моменти, како настаните во Собранието во април, кои беа надминати, и покрај одложувањата и неизвесноста, сега има влада, и тоа е мошне позитивен чекор. Воедно ова е и позитивен пример за останатиот дел од регионот, за тоа како тешкотиите и политичките кризи можат да се надминат со политичка волја“, рече високиот претставник на Стејт департментот.

Тој нагласи дека потегот на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Заев е показател дека демократијата во Македонија е издржлива и цврста.

„Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји-долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција. Целта е постигнување на спогодби коишто би го деблокирале патот на Македонија кон евро-атлантска интеграција“.

Високиот претставник на САД нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО дава поголема шанса за растечка економија, вработувања и образование и безбедни држави.

Од новата влада, Високиот дипломат на Стејт департментот очекува да го реши спорот со Грција и да спроведе реформи во соработка со меѓународните пратнери, за да може земјата да напредува.

поврзани објави

Последни објави