Ладни, мирни и прецизни. Вакви беа Вардаровите ракометари на само 2 минути пред крајот на натпреварот. Дебитантот против најтрофејниот во Европа се покажа одличен. Лука Циндрич во завршните минути го доведе Вардар во водство, при што финишот беше клучен за победата на ракометарите на Вардар.
На 38 секунди пред крајот имаше тајм аут побаран од тренерот на Барселона, а потоа следеше напад на Барселона кој резултираше со погодок на Лазаров во мрежата на Вардар. Ракометарите на македонскиот првак го имаа последниот напад на резултат 25:25. Вардар нападна со шест, при што Стерлинг остана. Лука Циндрич даде гол кој го однесе Вардар во финалето на Лигата на Шампионите за краен резултат од 26:25.