Бројот на жртвите по напад во Лондон расте. Седум лица загинаа, а околу 50 други се повредени во нов напад во срцето на британската престолнина, откако синоќа бел минибус се удри во пешаци на “Лондон Бриџ”. Потоа мажите со ножеви ги нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу.
Досегашните информации од лондонската итна медицинска помош говорат за над 50 повредени.
Луѓето кои се радуваа на вечерта крај реката Темза, и многу други, возбудени од финалето на Лигата на Шампионите, раскажаа како ноќта им се претворила во кошмар за секунди, кога станале сведоци, а некои од нив, и, жртви на нападот.