Последните три терористички напади не се поврзани, но државата е исправена пред нова опасност, изјави британскиот премиер Тереза Меј. Во моментов таа учевствува на седници на владината комисија за безбедност.
Премиерот рече дека на 22 март Велика Британија спречила пет напади.
„Разузнавачките служби и безбедносните сили на државата спречија пет можни инциденти по нападот во Вестминистер во март“, рече таа.
Меј ја осуди „лошата идеологија на исламскиот екстермизам“ која стои зад три терористички напади во Велика Британија од март наваму.
Иако не се дле од иста, тие се поврзани во друга важна смисла – обврзани се од лошата идеологија на исламскиот екстремизам”, рече таа,
“Насилството нема да го наруши демократскиот процес, па кампањата за изборите ќе биде целосно обновена на 5 јуни, а изборите ќе се одржат на 8 јуни, како што е предвидено”, додаде таа.