3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Димитров: Новата реформска влада е цврсто решена од Македонија да направи европска Македонија

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров кој присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи што се одржува во Брдо кај Крањ изјави дека новата реформска влада на Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена од земјата да направи европска Македонија.

„Ги убедував моите колеги дека жедта што постои меѓу македонската јавност, меѓу граѓаните, после овој кошмар низ којшто поминавме, за силни институции, за правда, за закон над политиката е голема шанса не само за Македонија, туку и за регионот како и за самиот процес на пристапување на којшто можеме да му дадеме смисла. Шансата е во тоа што новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена од нашата Македонија да направи европска Македонија“, изјави Димитров.

поврзани објави

Последни објави