fbpx
-3.2 C
Skopje

Кире остана без бронза: Веспрем пресилен за Барселона

АКТУЕЛНО

Веспрем успеа да го освои утешното трето место на фајнл-фор турнирот во Келн, откако денес славеше против Барселона, со резултат од 34:30.

Нашиот капитен Кире Лазаров неуспеа да се закити со медал од ЛШ во својата последна сезона во дресот на Барселона. На денешниот натпревар постигна три погодоци од девет обиди, а лош ден имаше и Борко Ристовски кој беше стартер на натпреварот.

Веспрем успеа да се стабилизира после поразот од ПСЖ во полуфиналето, за на крај да слави против вицешампионот на Европа. Нападот функционираше беспрекорно па по само половина час игра, можевме да забележиме вкупно 35 погодоци на двете страни (18:17).

Одличната игра на унгарците продолжи и во вториот дел, а Барселона немаше сили да се спротистави на фантастичниот напад на Веспрем, предводен од Арон Палмарсон со осум погодоци, а веднаш зад него следуваа Наѓ, Лекаи и Угалде со по шест. Кај Барселона најефикасен беше Н’гесан со шест, додека Кире три пати ја затресе противничката мрежа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -