Како што дознава Поглед од партиски извори на СДСМ, еден од новите функционери во владата на премиерот Зоран Заев ќе биде Професорот Драги Рашковски од Правниот факултет. Имено, тој ќе стапи на функцијата генерален секретар на владата на Република Македонија, а воедно ќе биде и првиот именуван функционер во новата влада.