Осомничениот во случајот „Труст“ на СЈО, бизнисменот Сеад Кочан, денес во обвинителството се задржа околу еден час, како што даваше изказ за случајот.
Кочан не сакаше да даде изјава за медиумите, додека неговиот адвокат накратко напомна дека станува збор за запазување на процедурата во истрагата.
Познатиот бизнисмен беше во бегство скоро два месеци, а откако основниот суд му го укина притворот, тој се врати во државата. Според СЈО, конзорциумот на „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“, наплатил 17 милиони евра државни пари на незаконски начин на тендер во 2011 година.