6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Вардар во август на „Супер Глоуб“ турнирот во Катар

Ракометарите на Вардар по победата над ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите се закитија со насловот шампиони на Европа. Поради тоа тие ќе се натпреваруваат на Светскиот куп каде настапуваат најдобрите клубови од светот. Популарниот „Супер Глоуб“ го организира ИХФ, а годинава ќе биде осми во низа, а се вкупно деветти. Турнирот ќе се одржи во Катар од 25 до 28 август.

За прв пат турнирот е одржан во 1997 година, а на него учествуваат вкупно осум екипи. Овогодинашни учесници се бранителот на титулата Фухсе Берлин кој го совлада ПСЖ со 29:28, Ал Ахли (освојувач на африканската Лига на шампиони), Ал Нор од Саудиска Арабија (победник во азискиот Куп на шампиони), австралиски Сиднеј Јуниверсити (победник во купот на шампиони на Океанија) и бразилски Пињеирош (победник на Пан-американскиот Куп на шампиони).

Едно од местата е резервирано за домашниот претставник, а останатото ќе биде пополнето со вајлд карта.

поврзани објави

Последни објави