Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија Раул Гонзалес го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за последните два квалификациски натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.
На списокот се имињата и на 8 ракометари на Металург.
Последните две средби од квалификациите за ЕП Хрватска 2018 ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, засега имаат ист број на бодови.
Натпреварот против Украина на гостински терен во Суми, Македонија ќе го одигра на 15 јуни 2017 (19:00 часот), додека последната средба од квалификациите против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје е закажана за 18 јуни (20:45 часот).
Список на повикани ракометари: