-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хистерија во Москва по приемот на Црна Гора во НАТО

Откако вчера Црна Гора беше прогласена за 29-тиот најдобар нов член на НАТО, Русија се закани со одмазднички мерки.

Во писмото на руското Министерство за надворешни работи се вели дека „руската држава го задржува правото да преземе одмазднички мерки според принципот на реципроцитет“ во „ духот на непријателскиот курс, избран од црногорските власти“.

Русија потсетува дека малата балканска држава ја носи „целосната одговорност“ откако го „изглумила“ нејзиното пристапување кон санкциите на ЕУ против Москва во 2014-та.

Руското Министерство за надворешни работи забележува и „ антируската пропаганда дистрибуирабна од официјална Подгорица“.

„ Огромно жалење кај нас предизвикува и антируската хистерија во Црна Гора“, коментираат од министерството.

Некогаш Црна Гора беше клучен сојузник на Русија во регионот и беше територија позната по инвестициите на крупниот руски капитал. Откако Подгорица аплицираше за членство во НАТО, односите меѓу двете земји се заострија.

Во октомври во Црна Гора се случи обид за државен удар, за кој властите во Подгорица ја обвинија Русија.

Црногорците се длабоко поделени по прашањето за односите со Русија и членството во НАТО. Според аналитичарите, чинот на прием во Алијансата има историско значење за регионот, бидејќи се намалува влијанието на Русија во Југоисточна Европа и го блокира нејзиниот пристап до Јадранското Море.

На свечена церемонија во Вашингтон на 5 јуни Црна Гора беше примена за член на НАТО, а нејзиниот премиер Душко Марковиќ во Белата куќа се сретна со потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Заменик-државниот секретар на САД Томас Шенон ја пофали Црна Гора дека го “искористила своето суверено право да избере во кој сојуз сака да пристапи и покрај фактот што се соочува со огромен притисок од надвор“.

поврзани објави

Последни објави