23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Антонио Милошоски: Зоран Заев да си ја поднесе најавената оставка

Членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денес уште еднаш го потсети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека не ја добил довербата од граѓаните и очекува да ја поднесе најавената оставка.

„Би сакале да укажеме дека тие што не ја добија довербата на граѓаните, со својата деструктивна политика како г. Заев, би било редно да си стојат на зборот и да ја дадат најавената оставка, и да овозможат на луѓето кои имаат идеи и концепти да работат во интерес на сите граѓани“, истакна Милошоски.

Истовремено, Милошоски, најави реализација на неколку инфраструктурни проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои би се реализирале веднаш по формирањето на новата Влада.

Станува збор за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, нов патен правец од Кичево до Дебар, автопатска делница од Струга до Дребеништа, проекти кои ќе отворат нови работни места, и за кои како што вели Милошоски граѓаните го дале својот глас на парламентарните избори.

„Сметаме дека на изборите многу јасно, граѓаните ги поддржаа овие приоритети и проекти, заслужуваат истите да бидат реализирани и на тоа ќе работиме посветени по формирањето на новата влада“, изјави Милошоски.

Автопатот од Кичево до Гостивар како што е предвидено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се гради во должина од 42 километри, со две коловозни ленти широки по 3, 75 метри и по една застанувачка лента во двата правци.

поврзани објави

Последни објави