fbpx
8.8 C
Skopje

Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка до членовите на ракометниот клуб „Вардар“ по повод освојувањето титулата европски шампион.

„Од името на пратениците на Собранието на Република Македонија и во свое лично име би сакал да упатам искрени честитки до играчите, стручниот штаб и раководството на ракометниот клуб Вардар за освојувањето на првото место во Лигата на шампионите. Освојувањето на оваа Европска шампионска титула претставува историски клупски успех на Вардар кој нè направи многу горди и радосни“, се наведува во честитката.

Со вашите настапи, се истакнува, ни покажавте дека тим на талентирани спортисти можат да бидат успешни ако работат заедно за постигнување на заедничка цел. – Вашата успешна тимска работа ја донесе победата на првенството. За тоа сме ви многу благодарни. Ви посакувам уште многу успеси во иднина, се вели во честитка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -