fbpx
8.8 C
Skopje

Рашковски: Мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30-та членка на НАТО

АКТУЕЛНО

Новоизбраниот Генерален секретар на владата Драги Рашковски на својот ФБ профил излезе со демант за пишувањата на одредени медиуми дека тој имал став дека Македонија не треба да влезе во НАТО.

„Уште овој демант на крајот на првиот успешен работен ден.
Ораторската вечер е уметнички настан на кој се вреднуваат ораторските способности. Во моментот кога настапував и бев награден, ми се падна да зборам против НАТО. Таква ми била среќата. На мојот колега му се падна да зборува афирмативно. На ораторската вечер имаше тогаш 3 категории
1. Слободни говори во која учесниците може да зборуваат на која сакаат тема
2. Говори – про ет контра, на која учесниците по пат на жтрепка треба да презентираат говор ЗА или ПРОТИВ дадени теми
3. Веќе готови историски говори

Говорите ги пишувавме заедно со актери, кои особено на категоријата ЗА или ПРОТИВ сакаа да има дијаметрални ставови.
Инаку мојот став за НАТО е.
Денес, со некои решенија кои се донесоа во Генералниот секретаријат и на Влада, Македонија е повлиску до НАТО. Тоа многу ме радува
И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30та членка на НАТО,“ стои во ФБ статусот на Рашковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -