Петарди предизвикале огромна штета во Бања Лука (БиХ), најпрвин се запалила едната штала, оганот се проширил и до другата при што се запалиле околу 3 илјади бали.
Шталата со добиток и илјадници бали сено која е во сопственост на Б.Н.(59) изгорела во целост, повредени нема и среќа во несреќа е тоа што добитокот не бил во тие моменти во шталите, направена е голема материјална штета.
Утврдено е дека причина за пожарот е палење на петарди при што оганот се ширел постепено и зафатил голем дел од местото.