Премиерот Зоран Заев на МТВ вечерва одговараше на прашања од 8 медиуми во македонскиот медиумски простор.
ЗА ОДНОСИТЕ СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА И ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Целата агенда за мене значи инклузивен процес со можност за инаоѓање на решенија за проблемите. Се надевам дека ќе создадеме амбиент да нашиот јужбен амбиент, Грција да не разбере, да ни помогне под референцата ФИРОМ да влеземе во НАТО и ЕУ.
Владата со неколку министри најави посета на Бугарија. Очекувам дека Бугарија ќе има агенда, новото претседателство во ЕУ да работи за датум за преговори на Македонија со ЕУ. Реформите мора да течат. Ако течат, нашите соседи ќе имаат причина плус да ни помогнат.
За спорот со името и ветото од Грција, како и за тоа под кој рок очекува да се реши овој проблем, премиерот одговори:
Роковите може да бидат скршени. Во НАТО можат да ни помогнат многу наши пријатели, Бугарија, Албанија. Јас само ќе се трудам да им дадам причина повеќе за да нивната желба, а нашата уште поголема желба да стане реалност. Два се начините – или решение на проблемот, или да влеземе во НАТО под привремената референца а преговорите со Грција да продолжат. Грција е еден од најголемите инвеститори во Македонија. Јас немам проблем да ги замолам грчките граѓани да имаат разбирање за македонските граѓани да бидат дел од НАТО.
Грција може уште 200 години око да не им трепне, ние ќе губиме бидејќи сме надвор од ЕУ.
Заев напомена дека не добил никакви гаранции од ЕУ, но добил оптимизам дека ЕУ ќе го смени својот правец на политики