5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мишко Иванов со забелешка до колегите: Во клучни моменти не ја извршувавте професионално својата задача!

Уредникот од ТВ24, Мишко Иванов, во текот на дебатата на уредници на телевизиите со премиерот вечерва на МТВ гласно прокоментира дека меѓу присутните се и уредници кои и слугуваа на претходната власт и забележа дека МТВ во клучни моменти не си ја извршувала професионално својата задача. Оваа забелешка засегна дел од присутните.

Уредникот на МТВ и водител на дебатата Стојан Трпчевски се оправда дека јавниот сервис според него работел професионално, на исто мислење беше и уредничката на Канал 5 а уредниците од тв Алфа и тв Сител решија да ја игнорираат забелешката.

Уредничката на телевизијата Нова, Биљана Трендафиловска, му забележа на премиерот дека тој и социијал демократите имале цела година покана ама не се одзивале на поканите. Доби јавно ветување од Заев дека штом усогласат термин ке гостува на нивната телевизија.

поврзани објави

Последни објави