„Искрено, не сум убеден дека знам како да се справам со успехот … Само кога ќе го добиеш она за што цел живот си се трудел, одеднаш почнуваш да му се спротивставуваш и да се сомневаш во него …“ – Хју Лори– британски актер и музичар
„Научив дека е важно да не се ограничуваш самиот. Можеш да правиш сè што навистина сакаш да правиш. Без разлика што е тоа.“ – Рајан Гослинг– американски актер
„Кога имав 20 години, имав чувство дека треба да постигнувам, постигнувам и постигнувам нешта. Многу мажи размислуваат така. А сега се гледам и се прашувам:” За каде брзаш?“– Џастин Тимберлејк– американски пејач
„ „Правењето“ пари секогаш било едноставно пропратен ефект од тоа да го поминувам добро моето време и да создавам нешта кои никој не ги видел до сега.“- Ричард Брансон– милијардер
“Верувам дека постои внатрешна сила која прави од човекот победник или губитник. Победници се оние кои ја слушаат вистината со нивните срца“- Силвестер Сталоне– актер
„Многу млади актери патат од идејата дека има „вистински“ начин работите да се завршат. Но правилен и погрешен начин не постојат. Постои само добар и лош. А лошиот обично се појавува кога се мачиш да свршиш одредена работа според некаков шаблон. Најважно за еден актер, а и за сите луѓе воопшто, е да се чувствуваат доволно слободни, да создаваат она што сакаат да го создадат. да бидат слободни да пробуваат и секако да имаат избор.“- Роберт Де Ниро– актер
„Првиот чекор е да кажеш: Можам!“- Вил Смит– актер
„Нека силата биде со тебе” е симпатична желба, но не е важна. Важно е ти да се претвориш во силата. За себе, а не заради другите луѓе.“– Харисон Форд– актер
„Тајната на успешниот брак? Прави го она што ќе ти го каже жена ти и диши.“- Дензел Вашингтон– актер
„Никогаш нема да се пензионирам, бидејќи за да се разбудам на сабајле, јас морам да работам и да имам обврски“- Морган Фриман– актер