fbpx
-4.2 C
Skopje

10 светски ѕвезди зборуваат за успехот

АКТУЕЛНО

Искрено, не сум убеден дека знам како да се справам со успехот … Само кога ќе го добиеш она  за што  цел живот си се трудел, одеднаш почнуваш да му се спротивставуваш и да се сомневаш во него …“ – Хју Лори– британски актер и музичар

„Научив дека е важно да не се ограничуваш самиот. Можеш да правиш сè што навистина сакаш да правиш. Без разлика што е тоа.“Рајан Гослинг– американски актер

„Кога имав 20 години, имав чувство дека треба да постигнувам, постигнувам и постигнувам нешта. Многу мажи размислуваат така. А сега се гледам и се прашувам:” За каде брзаш?“Џастин Тимберлејк– американски пејач

„Правењето“ пари секогаш било едноставно пропратен ефект од тоа да го поминувам добро моето време и да создавам нешта кои никој не ги видел до сега.“- Ричард Брансон– милијардер

Верувам дека постои внатрешна сила која прави од човекот победник или губитник. Победници се оние кои ја слушаат вистината со нивните срца“- Силвестер Сталоне– актер

Многу млади актери патат од идејата дека има „вистински“ начин работите да се завршат. Но правилен и погрешен начин не постојат. Постои само добар и лош. А лошиот обично се појавува кога се мачиш да  свршиш одредена работа според некаков шаблон. Најважно за еден актер, а и за сите луѓе воопшто, е да се чувствуваат доволно слободни, да создаваат она што сакаат да го создадат. да бидат слободни да пробуваат и секако да имаат избор.“- Роберт Де Ниро– актер

„Првиот чекор е да  кажеш: Можам!“- Вил Смит– актер

Нека силата биде со тебе” е симпатична желба, но не е важна. Важно е ти да се претвориш во силата. За себе, а не заради другите луѓе.“Харисон Форд– актер

Тајната на успешниот брак? Прави го она што ќе ти го каже жена ти и диши.“- Дензел Вашингтон– актер

Никогаш нема да се пензионирам, бидејќи за да се разбудам на сабајле, јас морам да работам и да имам обврски“- Морган Фриман– актер

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -