2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Чудото на Заев

Синоќа новиот претседател на македонската Влада, Зоран Заев, одговараше на „уреднички“ прашања. Дел од прашањата беа поставени од  лица, кои чудно зашто многу лесно се навредуваат, ако некој нивен колега ги нарече „сервилни“. Како да не се знаеме кој, кој е во новинарската фела.
Синоќа Заев покажа нешто, што го немавме видено многу одамна. Дали тоа е нов тертип на работа или моментална желба за себепромоција и глумење отвореност кон медиумите, ќе видиме.
Да се разбереме, Заев не направи ништо херојско. Седеше и одговараше на новинарски прашања. Нешто, што треба да биде најнормална појава, како што е и во нормалните држави. Сосема друг момент е фактот што, вакво „влегување“ во оган, без еден тон листови пред премиерот, беше незамислива слика до пред извесно време. Критериумот за тоа, какви обврски има најмоќниот човек во државата пред претставниците на „четвртата власт“ падна пониско и од копривите, а таму знаеме дека е удобно бидејќи гром не удира. Баш поради таа причина Заев излезе победник од синоќешното соочување со Цаци, Биљана и Коле, небаре направил некакво чудо, а во суштина изврши само една од многуте обврски со кои се нафати, а имено да одговара на новинарски прашања. Како се снаоѓаше со прашањата на новинарите поранешниот премиер Груевски, помниме сите.

Пишува: Батко Тане

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави