5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Боки 13 избран за нов претседател на Меѓународниот сојуз

Меѓународниот сојуз – Скопје денес на седницата за избор на претседател на сојузот, во тајно гласање од 52 делегати од земјава и Европа, убедливо го изгласа македонскиот шоумен и активист Бојан Јовановски, или во јавноста познат како Боки 13.

„Меѓународниот сојуз ќе функционира во земјава и регионот според сите стандарди на ЕУ, со цел зајакнување и заштита на правата на социјално загрозени граѓани.
Во текот на првата година предвидена е реализација на два проекти и креирање и подигнување на системите за логистика на асоцијацијата.
Се предвидуваат подолгорочни решенија во цивилното општество и кај загрозените категории.
Паралелно, предвидено е да тече процес на едукација и подигнување на јавната свест на индивидуално и институционално ниво, како и во рамки на стопанскиот сектор.

Максимата ,,Заштитата на човековите права оди заедно со профитот” ќе креира европски ориентирани и социјално одговорни компании. Воедно, тоа ќе овозможи трансфер на социјалните категории кои се финансираат од буџетот . На тој начин ќе се овозможи растеретување на буџетските давачки по тој основ”, информираат од сојузот.

Боки се заблагодари за довербата и изјави дека сака да гледа само насмеани луѓе полни со оптимизам.

поврзани објави

Последни објави