fbpx
9.8 C
Skopje

Жерновски: Очекувам поддршка од СДСМ за нов мандат во Општина Центар

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека ќе се кандидира за уште еден мандат во општината. Тој изјави дека кандидатурата ја поднел преку владеачката партија СДСМ од каде што очекува и поддршка.

„Одлуката ќе зависи од СДСМ. Јас ќе ги почитувам партиските процедури и веќе ја поднесов мојата кандидатура. Тука се анкетите и поддршката, па ќе сочекаме на одлуката на СДСМ за тоа дали ќе бидам кандидат за градоначалник на општина Центар“, изјави Жерновски.

Тој денес го презентираше и својот отчет за сработеното во неговиот четиригодишен мандат како градоначалник на Општина центар, каде ги претстави своите реализирани проекти.

„Наследивме празна буџетска каса, а во првите три месеци во општината влегоа три пати повеќе инспектори од целиот мандат на претходниот градоначалник. Но и покрај тоа, за 4 години, успеавме општината Центар да ја направиме поубава, поурбана, позелена, општина со жив дух на културата, дружбата, хуманоста и спортот“, додаде Жерновски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -