12.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Во село Сопот на Божиќ во пожар загина 58 годишен човек

Големиот христијански празник Божиќ беше кобен за 58 годишниот жител на светиниколското село Сопот со иницијали Ж.П. кој загинал во сопствената куќа која ја зафарило пожар.

Министерството за внатрешни работи на Македонија го потврди овој несреќен случај, а во записникот за настанот е нотирано следново:

„На 07.01.2017 година околу 09,30 часот во с.Сопот-светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија. При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб“, стои во написот на МВР.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави