fbpx
7.8 C
Skopje

Лазаров: Со новите мерки за спорт, спортот ќе се издигне на уште повисоко ниво

АКТУЕЛНО

Капитенот и еден од најдобрите ракометари на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во интервју за „ОКО“ на „ТВ НОВА“, зборуваше за мерките и инвестициите, како и за новиот закон за спорт, за кој како што вели Лазаров, ќе допринесе спортот да се издигне на уште повисоко ниво.

Со новиот закон за спорт мислам дека спортот ќе се издигне на уште повисоко ниво, тоа можеби требаше уште порано да се направи, но никогаш не е доцна. Со овие мерки клубовите ќе добијат свои поддржувачи и тоа е многу важно за развивање и на други центри, не само во Скопје“, истакна Лазаров.

Најдобриот ракометар на македонската ракометна репрезентација додаде дека во Македонија имаме два квалитетни клубови – Вардар и Металург, додека другите центри полека се будат. Важни се клубовите, вели, но важна е националната селекција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -