3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Средба Суомалаинен – Заев: Поддршка во процесот на реформи

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, се сретна денес во Скопје со новоизбраниот премиер Зоран Заев и му го честиташе изборот за премиер.

„Ја поздравувам намерата на премиерот да води реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани“, рече Суомалаинен. „Формирањето на новата влада е можност за имплементација на широк спектар на реформи согласно принципите и заложбите на ОБСЕ. Верувам дека сега е време да се надминат предизвиците и да се посвети внимание на натамошниот напредок.“

Амбасадорката Суомалаинен му ја пренесе на премиерот Зоран Заев подготвеноста на Мисијата на ОБСЕ во Скопје да ги поддржува реформите во рамките на мандатот на Мисијата, имено владеењето на правото, полицијата, изборите, јавната администрација, слободата на медиумите и меѓуетничките односи.

„Го уверив премиерот дека земјата може секогаш да смета на поддршката на поширокото семејство на ОБСЕ – Мисијата, Претседателството, ОДИХР, Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите и Високиот комесар за национални малцинства – во процесот на реформи“, рече Суомалаинен.

Денешниот состанок со премиерот Заев беше прв од низата состаноци на шефицата на Мисијата на ОБСЕ со новата администрација. Состаноците имаат за цел да ја реафирмираат посветеноста и поддршката на ОБСЕ кон националните институции во спроведувањето на реформите.

поврзани објави

Последни објави