22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Министерката Царовска ги отвори вратите од министерството за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска го имаше првиот „Отворен ден со граѓаните“ и оствари средба со 25 граѓани.

„На средбите граѓаните ги кажуваа проблемите со коишто се соочуваат во рамките на институциите кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика. При тоа, тие пријавуваа злоупотреби, бараа решавање на нивните проблеми со кои се соочуваат што покажува дека системот не функционирал, но даваа и предлози за унапредување на системот на социјалната заштита.

Министерката Царовска ги ислуша нивните проблеми и вети подобрување на системот на социјалната заштита со цел отвореност на сите и за сите граѓани коишто имаат проблеми и коишто се наоѓаат во ризик.

Граѓаните изразија задоволство од можноста за своите проблеми да поразговараат со првиот човек кој раководи со секторот труд и социјална политика и надеж дека овој пристап ќе продолжи понатаму.

Инаку, секој петок од 9 часот до 13 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на “Отворениот ден со граѓаните” ќе остварува средби со граѓаните на Република Македонија, во просториите на Министерството за труд и социјална политика коиштои може да се јават на телефонскиот број 02/3106 212 и да закажат прием“ соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

поврзани објави

Последни објави