fbpx
-4.2 C
Skopje

УНИЦЕФ: Животот на повеќе од 40.000 деца е загрозен во Рака

АКТУЕЛНО

УНИЦЕФ предупредува дека борбата во Рака – упориштето на Исламската држава во северниот дел на Сирија, го загрозува животот на повеќе од 40.000 деца.

Во соопштението на УНИЦЕФ се наведува дека насилството резултирало со големо раселување во градот и околу него, поради што околу 80.000 деца се интерно раселени и сместени во привремени кампови.

Сириските сили со поддршка на САД покренаа офанзива во Рака кон почетокот на неделава, а се интензивираа и воздушните напади на меѓународната коалиција.

– Околу 40.000 деца остануваат заробени во екстремно опасни услови во Рака. Многумина се зафатени во вкрстен оган, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ Герт Кеплер.

Тој ги повика сите страни да обезбедат безбеден премин за оние кои сакаат да го напуштат градот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -