13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВИДЕО: Спасовски го покажа мерцедесот пред медиумите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги отвори вратите на мерцедесот на поранешниот премиер, Никола Груевски, вреден 630 илјади евра пред камерите.

Тој кажа дека граѓаните заслужуваат да го видат она што е купено со нивни пари и дека го оставиле онака како што го начекале во гаражата.

Овој мерцедес беше дел од „бомбите“ кои што ги објави лидерот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев.

Спасовски кажа дека мерцедесот има поминато 57 илјади километри и дека најчесто се движел до Пробиштип, односно 4 до 5 пати месечно одел до таму.

Министерот рече дека одржувањето на возилото е скапо и дека дуир и неговите гуми се отпорни на огнено оружје.

Досега, кажа Спасовски, автомобилот имал два пара гуми, летни и зимски, а промена на гуми чини 20 илјади евра.

Тој додаде дека обично гумите се менувале на 15 илјади километри, но не планира да го продава, бидејќи со тоа МВР би изгубило 180 илјади евра.

Исто така Спасовски кажа дека парите со кои е купен автомобилот, би можеле да се купат повеќе од 25 Шкода Јети, возила кои ги користи полицијата.

поврзани објави

Последни објави