fbpx
2.8 C
Skopje

Денеска се празнува светецот кој им помагаше на сиромашните и вдовиците

АКТУЕЛНО

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај, денеска е Преподобен Никита Халкидонски. Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството.

Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон.

Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.

За време на својот живот тој направил многу чудесни молитви, а кога умрел неговото тело било пренесено во манастир, на местото каде што бил закопан се верувало дека оние кои му го допреле гробот биле веднаш излекувани.

Затоа денес се верува дека треба да им дадете милостина на оние кои им е потребна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -