fbpx
-4.2 C
Skopje

Подготвуваат ли Пујол и Лапорта преврат во Барса?

АКТУЕЛНО

Свадбата на поранешниот голман на Барселона Виктор Валдес собра поголем дел од играчите, кои беа дел од формацијата на Пеп Гвардиола во најславниот период на каталонскиот тим (2008-2012).

На церемонијата присуствуваа Чави, Карлес Пујол, Самуел Ето, Ерик Абидал, Кеита, Хосе Мануел Пинто, најуспешниот претседател во историјата на клубот Жоан Лапорта и други.

Најинтересното за фановите на Барса беше однесувањето на бившиот капитен Карлес Пујол кој на социјалните мрежи напиша: „Ова е најубавото нешто во фудбалот“.

Тој направи неколку хаштага, а еден од нив остави силен впечаток – #algundiatornarem, во превод “еден ден ќе се вратам“.

Според многумина пораката на Пујол е, дека редица на фудбалери на Барса стојат зад Лапорта и се подготвени да поднесат нова негова кандидатура.

Сегашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу го победи Лапота на изборите во јули 2015 година, но сега се наоѓа под огромен притисок заради скандалите со Сандро Росел и слабата сезона.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -