Француската министерка за одбрана Силви Гулар денеска поднесе оставка на функцијата.
Таа изразила жалење пред претседателот Емануел Макрон поради тоа што нема да биде дел од неговата влада.
Гулар се повлече за да покаже „добра волја“ во предистражната постапка против нејзината центристичка партија Демократско движење (Модем), кој е сојузник на Макрон, за фиктивно назначување на соработници во Европскиот парламент, пишува весникот „Монд“.
Таа стана министерка за одбрана пред нешто повеќе од еден месец, по стапувањето на должност на новиот француски претседател.