5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Груевски се сети на визионерството и патриотизмот на таткото на ВМРО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 27. роденденска прослава на партијата им се заблагодари на основачите на ВМРО, на првото партиско раководство како и на месните раководства во селата и градовите. Тој после подолго време упати благодарност до првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, иако не му го спомна името.

Основачот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во повеќе наврати го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да го следи неговиот пример, да си даде оставка од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, за доброто на партијата.

За ова, Георгиевски доби обвинување од Груевски дека тој и неговите коалициони партнери одработуваат за СДСМ, со цел да му одземат гласови на него и неговата партија. Само три недели после ваквата изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на партиската роденденска прослава Груевски му се заблагодари на Георгиевски, за како што рече, визионерството, патриотизмот, борбата за ВМРО и Независна Република Македонија.

Останува нејасно зошто Груевски и ВМРО-ДПМНЕ му намигнуваат на некогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, ако се земе во предвид дека во изминатите 10 години токму медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ вршеа пропаганда со цел да го оцрни името и делото на основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави