fbpx
16.8 C
Skopje

Пресврт! Донарума може да остане во Милан

АКТУЕЛНО

Џанлуиџи Донарума сепак може да остане во Милан и да го прифати предлогот за нов договор. Младиот разпали сериозна дебата во Италија, откако откажа да си ја осигура својата иднина со росоњерите.

Интерес за 18. годишниот вратар пријавуваат клубовите како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Според „Скај Спорт Италија“ во последните денови директорот на Милан Марко Фасоне се одлучил да го скрши мразот и Донарума започнал да размислува за понудата од „росонерите“.

Ваквите настани ги коментира и Синиша Михаилович, под чие водство Донарума дебитираше во Милан, кога беше тренер на тимот.

Џиџо е многу добар голман и јас се грижам за него. Но тој се уште е 18. годишен и има многу да учи и да се развива. За него ќе биде уште подобро да продолжи во клуб каде што е сакан, каде ќе добие можности да оди нагоре. Го разбирам и Раиола, кој ја врши својата работа добро. Но сметам, дека Донарума нема за каде брза. Тој има уште 20 години професионална кариера пред себе, рече Михаилович.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -