Чудна работа мајката… Самоил бил македонски цар, од ерменско потекло, со бугарска круна и со татко висок бугарски аристократ од времето на бугарскиот цар Петар (827-869). Бугарскиот цар изгледа бил голема будала за да му дозволи на комит Никола (таткото на Давид, Мојсеј, Арон и Самоил) да раководи со градот Средец (денешна Софија) и со уште неколку области на територијата на денешна република Македонија. Испаѓа работава, комит Никола човек од доверба на царот, ама синовите негови кренале востание против истиот тој цар (инаку морам да спомнам дека во времето кога се крева „востанието против Бугарија“, Првата бугарска држава веќе била објект напад од страна на киевскиот кнез Светослав, кој според некои историски извори бил дебело платен за тоа од страна на Константинопол). Ваљда наследниците на Никола попаднале под влијанието на некој предок на Миленко, кој успеал да ги убедил дека се Македонци (од ковот на Блаже Ристовски и Иван Катарџиев) и треба да се кренат на оружје против клетите „Татари“. Историјата молчи околу тоа прашање. Таа молчи, ама удбашките пулени и нивните слепи фанови си лаат. Оти мислат дека со лаење и тресење зелени се брани и гради држава. Не се криви тие, така ги научиле.
Пишува: Батко Тане