3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Асад: На добар пат сме до победата, ова е критичниот момент во војната

Сирискиот претседател Башар Ал Асад смета дека ослободувањето на Алепо е критичниот момент во војната што започна во 2011 година. Притоа контроверзниот Асад изјави дека неговиот режи се наоѓа на вистинска пад до победа.

После неколку години жестоки битки, сирискиот режим на 22. декември објави дека целосно е ослободен Алепо, вториот по важност град во државата, а притоа беше упориште на бунтовниците.

„Ова е критичен момент во војната и се наоѓаме на правиот пат до победа“ изјави Асад во првото интервју по ослободувањето на Алепо.

Но по мислењето на претседателот сепак неможе да се прогласи конечна победа.

„Сепак мислам дека тоа се уште не е победа, бидејќи победа ќе биде кога ќе ги одстраниме сите терористи“ додаде Асад.

Во Сирија од 30. декември е прогласено е примирје кое воглавно се почитува. Кризата ќе се решава на мировни преговори кои треба да започнат кон крајот на на јануари во Астана, Казахстан.

 

поврзани објави

Последни објави