fbpx
36.8 C
Skopje

Шекеринска-Алтахаусер: Повторно ќе се воспостават демократските принципи

АКТУЕЛНО

Со реализацијата на реформските зафати во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и контролата на извршната власт, во краток период ќе покажеме дека на Македонија ќе може да се гледа како на земја која повторно ја воспостави суштината на демократските принципи, истакна министерката Радмила Шекеринска на денешната средба со амбасадорката на СР Германија, Кристине Алтхаусер, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката Шекеринска се заблагодари за континуираната поддршка од Германија на патот кон полноправно членство на Македонија во НАТО и процесите за реформи и модернизација на вооружените сили.

– Министерството за одбрана е посветено на членството во НАТО како наша стратегиска цел, а ќе работи и на унапредување на транспарентноста на институцијата и процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија“, додаде Шекеринска.

Германската амбасадорка Алтхаусер изрази недвосмислена поддршка за интеграцијата на Македонија во евроатлантските организации, со порака дека Македонија треба да биде таму кај што припаѓа – интегрирана во НАТО-Алијансата и во Европската Унија.

Кога станува збор за членството на државите од регионот во НАТО, треба да се има предвид и европската безбедност и стабилност, рече министерката на средбата.

Аташето на СР Германија, акредитирано за Република Македонија, потполковник Ханс-Петер Вамслер и пренесе честитки на министерката Шекеринска за нејзиното назначување на функцијата, од министерката за одбрана на СР Германија, Урула фон дер Лејен и воедно се заблагодари за одличната сеопфатна одбранбена соработка помеѓу двете земји која вклучува соработка во одбранбената политика, мировните мисии, логистиката, образованието, воената медицина и други.

Досега во образовните институции во Германија се школувале околу 200 припадници на Армијата на Република Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -