fbpx
9.8 C
Skopje

13-те воини на Фабио Капело

АКТУЕЛНО

Фабио Капело стави потпис кој ќе му донесе околу 13 милиони евра за 2 години – како нов тренер на кинескиот Жанцу Сунин

Дон Фабио за прв пат стана тренер на фудбалски тим точно пред 30 години – на Милан.

Еве кои се најдобрите играчи, кој Дон Фабио ги тренирал за 30 години во фудбалот

Џанлуиџи Буфон (работат заедно во Јувентус – 2004-2006г.)
Перфректен професионалист. Голман, спремен да биде број еден во составот.

Кафу (Рома – 1999-2003г.)
Неверојатен фудбалер. Работа, талент… Никогаш не пропушта натпревари. Неговото место е загарантирано во составот.

Франко Барези (Милан- 1987: 1991-1996г.)
Двигател на одбраната. Тренер на теренот. Неверојатен фудбалски интелект.

Паоло Малдини (Милан – 1991-1996г.)
Започна како одбранбен играч на левата позиција, завшри како централен дефанзивец. Тој е од оние луѓе, кои пленат со лидерство, човечност и спокојност. Исклучително важен за тимот со неговото присуство и игра. Лидер на одбраната.

Роберто Карлос (Реал Мадрид – 1996-97г.)
Го привлеков во Реал со еден од најпознатите фудбалски трансфери во историјата на фудбалот. Само за 12 часа од зедовме од Интере. Рекорд за таква ѕвезда. Во Мадрид имаа некои сомненија на почетокот… Фантастичен. Во одбрана, во напад.. нема подобар од него од таа позиција во фудбалот.

Фернандо Редондо (Реал – 1996-97)
Еден од играчите кои ми се слабост. Немаше друго име, кое може да биде во составот пред него. Професионалец, лидер, страшен играч.

Франк Рајкард (Милан – 1991-1994г.)
Диригент во фудбалската екипа. Бев сигурен, дека ќе стане добар тренер. До денеска уште сме во контакт, чудесно момче.

Деан Ваичевич (Милан 1992-96г.)
Такви играчи се раѓаат ретко, за добро или лошо!

Раул (Реал – 1996-97/2006-2007г.)
Капитен. Лидер и уникатен голмајстор. Еден од оние кои во себе го имаат семето на водач на тимот.

Марко Ван Бастен (Милан – 1991-1994г.)
За жал со него работев на крајот на кариерата, кога повредите доста често го вадеа од игра. Но тој е исклучителен маж, карактер и е надарен со талент за големи дела

Рууд Гулит (Милан – 1991-1993г.)
Атлет на атлетите. Летеше по теренот, помашгаше на сите и играше за двајца.

Роналдо Луис Назарио Де Лима (Реал – 2006-2007г.)
Без значење како тренираше, колку килограми е во моментот, какво му е расположението. Влегуваше на терен и се бореше до крај.
Франческо Тоти (Рома- 1999-2004г.)
Нема како да помине оваа листа без него. Тој е многу важен за мене во Рим, во Рома. Еден од оние, за кои веќе неколку пати сум кажал – вистински лав лидер на групата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -