2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Илијоски: Заев да каже што содржи договорт со Бугарија

Зоран Заев има обврска пред граѓаните да ги исполни ветувањата за транспарентно и инклузивно работење, особено кога станува збор за прашања кои се од најголем национален интерес, истакна на денешната прес-конференција Зоран Илијоски од ВМР-ДПМНЕ.

– Никој во земјава не знае што точно договорил Заев во Софија, а веќе најави дека договорот ќе бил потпишан на 2-ри август, откако ќе се усогласеле уште некои ситници. Народот за ваквото однесување вели „после свадба тапани“. За што би се дебатирало откако Заев ќе ги договори сите детали? Дали е точно дека Зоран Заев договорил да се менуваат учебниците по историја? Во чие име го договорил тоа? Со кого Зоран Заев се консултирал за да ја менува историјата? Што ќе се менува во учебниците и чија историја ќе учиме?, праша Илијоски, додавајќи оти овие прашања го вознемируваат македонскиот народ и заслужуваат одговор.

Тој праша и на кој јазик ќе се потпише договорот со Бугарија и дали Бугарија ќе го признае македонскиот јазик и македонскиот народ, дали ќе стои во договорот дека Македонија има своја, автохтона историја, дали во договорот ќе има реципроцитет во однос на обврските на двете страни?

Градењето на добрососедски односи не подразбира рушење на сопствените државни и национални интереси. За жал Зоран Заев продолжува да манифестира основно непочитување кон сопствениот народ јазик и историја. Впрочем како поинаку да се толкува скандалозната изјава на Зоран Заев дека треба целосно да се редефинираат учебниците по историја кои биле креирани од генерации историчари во Македонија. Со кој аргумент Заев ја обвинува сопствената земја дека шири омраза и национализам, па сега тој најавува дека ќе ги затворел тие поглавја, рече Илијоски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе, го повторува ставот дека е за градење на добрососедски односи, врз база на взаемно почитување и зачувување на достоинството и интегритетот на народот и на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави