fbpx
-4.2 C
Skopje

ФОТО: Средби на Груевски со генералниот секретар на ЕПП и директорот на „Вилфред Мартенс“ центарот

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за време на посетата на Брисел денеска оствари средби со Томи Хунтанен, директор на „Вилфред Мартенс“ центарот при Европската Народна Партија, како и разговор со генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз. Груевски измиантиве денови имаше плодни средби на кои ги промовираше позициите и ставовите по клучните прашања за државата.

-Средба со Томи Хунтанен, директор на “Вилфред Мартенс” центарот при Европската Народна Партија. Разговор со Генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз, напиша Груевски на социјалните мрежи.

Груевски вчера по средбата со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се обрати на Самитот на Европската народна Партија (ЕПП). Во фокусот на средбите беа притисоците врз медиумската сфера во Македонија и врз судството, како и целокупната атмосфера во македонското општество по доаѓањето на новата власт во земјата.

Средба со Томи Хунтанен, директор на "Вилфред Мартенс" центарот при Европската Народна Партија

Posted by Nikola Gruevski on Friday, June 23, 2017

Груевски на две сесии се обрати на Самитот на најбројната политичка партија во Европскиот парламент, пред германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите Орбан (Унгарија), Борисов (Бугарија), Варадкар (Ирска) и други државници.

– Денот го започнав со средба со шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини и на таа средба се задржав на две работи. Најпрво, на потребата што поитно Република Македонија да биде интегрирана во ЕУ, а се разбира и во НАТО и на потребата да се внимава за понатамошните случувања и процеси во Македонија. Тука имам предвид што се се случува со медиумскиот сектор во Македонија по доаѓањето на новата власт. Загушувањето и притисоците врз медиумите, особено врз сопственицита на медиуми, вклучително и притисоците на Специјалното јавно обвинителство и на намерите на новата власт за партизација на судството. Преку плаштот на нови реформи во судството, практично се има намера за партизирање и целосна контрола врз судскиот систем во Република Македонија, изјави Груевски.

Toj присуствуваше на Самитот на ЕПП на кој беа присутни и поголем број премиери, претседатели на партии и лидери на држави со кои со поголем број од нив, според Груевски, тој успеал да воспостави комуникација, да размени мислења за повеќе прашања, информации за Македонија и да лобира за понатмошен макеоднски напредок во НАТО и во ЕУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -