fbpx
-2.2 C
Skopje

(ВИДЕО) Средба Груевски-Хан: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на Европската Унија и НАТО

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров и Антонијо Милошоски оствари средба со Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

На средбата се разговарало за интеграциските процеси и за актуелните политички случувања, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе цени дека се од интерес за граѓаните. Тој посочил дека главна цел на Владата на СДСМ не треба да биде само добивање на позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на Европската Унија и НАТО, што и впрочем и го заслужи, нешто што беше констатирано на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та година, како и во 2009-та година од страна на ЕУ. Доколку тогаш државата станеше членка на НАТО и отпочнеше разговори со Европската Унија многу од предизвиците со кои се соочи, немаше да се случат, додаде Груевски.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле истакнати и неколку загрижувачки тенденции кои негативно се одразуваат на актуелните состојби градејќи негативна клима во државата и лошо одразувајќи се на демократскиот капацитет.

Иницијативата на СДСМ за генерален реизбор на судии и промена на персоналниот состав на членови во Републичкиот судски совет, зад која, според ВМРО-ДПМНЕ, се крие желбата за влијание и партизација на судството, нешто со што директно се загрозува демократскиот амбиент, било истакнато од опозициската партија.

Во таа насока е и атмосферата во медиумите која е значително влошена откако постојат информации за медиуми кој се уценувани и врз кој е влевано страв преку СЈО и оделни членови на владата на СДС, беше посочено на средбата со комесарот Хан од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -