21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ФОТО: Очајна состојба на семејството од село Љубанци – Апел за ПОМОШ!

Многу пати до сега се имаме запознато со семејства кои имале турболентен пресврт во својот живот. Од нормално секојдневие, за момент животот им се претвара во пекол.

Тоа се случува и со четиричленото семејство Нешковиќ од с. Љубанци. триесетипет годишниот Круме е единствен вработен во семејството, работи во гробишта Бутел, но до 2019 година нема да може да ја подигне платата, затоа што истата автоматски се префрла за плаќање на две казни.

Едната е од направена собраќајка минатата година, а другата е поради берење дрва за огрев за своето семејство. Со пресметаните камати сумата е огромна. Во овој изминат период им се насобрани сметки за струја и истата им е исклучена.

Згора на се живеат во многу стара куќа, која секој момент може да се сруши над нивните глави. Поради безбедност, поради потреба од храна и немање на електрична струја, повремено по неколку дена песпиваат на различни места кај свои роднини. После работното време Круме повремено оди како аргат секаде каде што ќе го викнат со цел да донесе парче лепче дома

Ова семејство се наоѓа во многу тешка состојба.

Овде е потребен нов почеток и помагање на ова семејство за што поскоро да излезе од оваа ситуација. Потребно е рушење на старата куќа и изградба на нов објект и финансиска поткрепа за покривање на секојдневните потреби за живот.

Секој кој сака да му помогне на ова семејство може да донира средства на сметката на сопругата:

Маја Нешковиќ
300007077180855
Комерцијална Банка или да ги контактирате на 071846249

поврзани објави

     

Последни објави