7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Премиерот Зоран Заев на суд

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави на суд во случајот „Поткуп“. Заев, првпат како премиер, треба да се појави во судскиот процес во кој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар за градежно земјиште во Струмица.

На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот. Судијката Дијана Груевска Илиевска дозволи Заев и неговите адвокати да извршат увид и препис на доказите. Таа го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќања на Заев и адвокатите.

поврзани објави

Последни објави