7.8 C
Skopje
Tuesday, November 12, 2024

Конзенсус

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан побара конзенсус од лидерите на политичките партии, за важните прашања поврзани со евроинтеграцијата на Р. Македонија.
Хан изгледа не знае дека во Македонија омилениот збор на политичарите во Македонија не е конзенсус, туку тендер. Какви конзенсуси, какви црни геополитика и геостратегија, кога тендерот е во темелот на сè. Токму во распределбата на тие тендери, македонските политичари ја гледат и својата основна „државничка“ функција.

Заев ќе вади долумент насловен „Патоказ“ во кој ќе бидат вклучени предвидените реформи во клучните области, владеење на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела, слободни медиуми, што произлегуваат од Договорот од Пржино, забелешките на експертската група на ЕК предводена од Рајнхард Прибе, Рамковниот договор, извештаите на ЕК за напредокот на Македонија и на други институции и организации.

Груевски пак изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сакало да ја види Македонија што побрзо член на ЕУ… За тие желби изгледа не знаат од „Курир“, од „Инфомакс“ и од другите порталчиња со анти ЕУ реторика. Малку е чудно нели Груевски сака во ЕУ, а неговите најверни поддржувачи: Мирка, Миленко, Ристо Никовски, Дарко Јаневски, Русјаков, Борис Дамовски и уште плејада други, отворено водат „НЕуЕУ“ кампања. Евтини фори… Многу многу евтини. Ама „УДБашките“ игри ќе ги „удрат“ по глава еден ден. Тој ден доаѓа и затоа сме сведоци на хистеријата од последните денови.

Хан се сретна и со албанските партии и тие му дадоа збор дека ќе работат за европската иднина на Македонија. Кај Албанците нема лабаво, тие знаат што е најдобро за Македонија и за нивните гласачи. Камо среќа и во македонскиот блок да имаше таков конзенсус.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави