8.8 C
Skopje
Friday, February 14, 2025

ЗА ИЛИ ПРОТИВ: Новите технологии ќе го убијат фудбалот?

Понекогаш грешките имаат големи последици, а понекогаш остануваат на последен план.

Во последниот период сме сведоци на масовно воведување на нови технологии во фудбалот. Прво беше воведена таканаречената технологијата на гол линијата, од која судиите добиваат информација дали топката ја преминала гол линијата со целиот свој обем. Сега за време на Купот на Конфедерациите судиите се потпомогнати од друг систем за видеоповторување, кој има дава информација за правилно расудувае на спорна ситуација, било тоа офсајд, фаул или гол. Од една страна овие новивоведеи технологии ќе допринесат за олеснување на работата на судиите, но од друга можат да доведат до исчезнување на емоцијата во самата игра.

Во современиот фудбал симулацијата е дел од играта. Не така мал број на фудбалери се обидуваат да добијат предимство во самата игра откако глумат, дека се фаулирани. Кога ситуацијата се развива далеку од очите на судијата и тој не види добро што се случува, може да се донесе погрешно решение од негова страна, со кое може да оштети еден од фудбалските клубови меѓу кои се води натпреварот.

Како за почеток беше воведен системот на гол линијата. При секоја ситуација судијата добива сигнал дали топката ја преминала линијата со целиот свој обем. Ова е можно и во тенисот каде што главниот судија гледа дали топката е внатре или надвор од самото поле. Овој систем се користи неколку години и до моментот е доста успешен.

Најновата придобивка во светот на фудбалот е воведувањето на видеоповторувањето. На секој натпревар четири дополнителни судии го следат на монитор сето она што се случува на теренот. Кога има спорен момент, тие имаат можност да го вратат записот и да донесат решение, кое можат да му го приложат на главниот судија. Тука доаѓа моментот на размислување дали ова е посакувана промена за играта на теренот. Да, веќе нема да има судиски „промашувања“ и се ќе биде по правила, но многу често ќе им попречи како на фудбалери, така и на фановите да се насладуваат и радуваат на фудбалот на начин, на кој веќе се навикнати.

Најсвеж пример може да натпреварот меѓу Камерун и Чили кога фудбалер од Чилианскиот национален клуб постигна гол, но наместо тој и неговите соиграчи да слават постигнување на гол, тие се принудени да почекаат, додека дополнителните судии да го донесат крајното решение дали голот ќе биде признат или не. Таа неизвесност, пред која треба да се исправат не само играчите, туку и милионите фанови, може постепено да доведе до губење на емоцијата во самата игра и така да ги оддалечи луѓето од спортот.

Спортот е феномен. Секој спортист зема решение што ќе направи за дел од секундата. Нема време за мислење. Судиите се тие, кои ја контролираат играта на спортитсисте. Нормално е спортистите да прават се што е во нивна моќ, за да победат, дури и да играат против правилата. Судиите ја имаат одговорната задача за да го следат тоа, но не е исклучено да погрешат.

До моментот новововедените правила во играта покажуваат добри резултати, но дали тоа ќе доведе до загуба на интересот кај фановите, останува да видиме.

поврзани објави

Последни објави