17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сакаше да се изземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично дело

„Она на што укажувавме изминатиот период денес се случи во судот во Скопје со случајот Поткуп. Тоа е најдобар показател за желбата на Зоран Заев да управува и да го контролира судството.

Денес, Зоран Заев фатен на дело како бара поткуп од 200 илјади евра, сакаше да се изземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично дело.

Сакајќи да избега од правдата, еве зошто Зоран Заев заговара контрола и завладување на судскиот систем во Република Македонија.

Намерата за партизација на судството е со цел да се спасат себеси од криминалите, но и да прават монтирани политички случаи. Целта е ослободување од скандалозни и криминални случаи како што впрочем и бевте сведоци, случајот како Едно евро за Вицето, сомнителни тендери во Струмица, случајот Глобал, Цареви кули и други за што им е потребно судство по нивна мерка.

СДС креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет. Тоа веќе испробан рецепт кај нив. Во претходните нивни мандати имаме искуство во кои што Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата кога токму СДС управуваше со државата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува силна реакција и од ЕУ за партизирањето на судството од страна на СДС и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ќе се спротистави на ваквите политики кои го уназадуваат правниот поредок во државата и нема да дозволи систем на партизација на правото и правниот систем во Република Македонија“, изјави Спиро Ристовски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -