fbpx
-4.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не се откажува од зголемувањето на даноците

АКТУЕЛНО

„СДС и покрај нашите укажувања повторно не се откажува од зголемувањето на даноците.

СДС со зголемувањето на даноците директно задира во џебот на граѓаните и ги брка странските инвеститори. Економијата не смее да трпи заради незнаењето и неспособноста на Социјалдемократскиот сојуз.

Зголемувањето на даноците според планот на Тевдовски и СДС од 10% на 18% значи крах на економскиот и финансискиот систем во Република Македонија. Очигледно е дека СДС не ја научи лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги во предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006-та година за зголемување на данокот на 15%, 18% и 24% кои ја втурнаа државата во пропаст.

Со зголемувањето на даноци всушност ќе царува даночната евазија, сивата економија, домашните компании ќе станат неконкурентни, ќе бидат принудени да отпуштаат работници и ќе се зголеми невработеноста како пред 2006-та година.

Почитувани, ние мораме да апелираме на загриженост и да ги известиме граѓаните дека со ваквата анти-реформска односно идниректна реформа ќе има сериозно зголемување на цените на продуктите за домашните потреби, ќе има зголемување на пример на цените на лебот, прехрамбената индустрија, угостителските услуги и услужните дејности, или со еден збор на среден рок ќе се случи домино ефектот во покачување на цените, односно постои многу сериозна опасност од инфлација.

Зголемувањето на даноците ќе значи сериозен удар врз приватниот сектор без разлика на домашните или странските компании. Ќе се намали интересот за инвестирање во државата и ќе паднеме на дното на листата на Дуинг Бизнис. Ваквиот начин на функционирање поради намалување на инвестициите ќе го намали и извозот на странските компании кој опфаќа поголем дел од извозот во државата.

Голем дел од граѓаните кои поседуваат капитал, кои благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ го вратија во Република Македонија, ќе бидат принудени повторно да го изнесат надвор од земјата.

Како држава, ќе станеме неатрактивни за водење бизнис, а граѓаните се повеќе ќе осиромашуваат.

Граѓаните од нив не очекуваат менување на даночната политика, не очекуваат зголемување на даноците туку очекуваат минимална плата од 16 000 денари просечна плата од 30 000 денари да се отворат 64 000 работни места, да изградат нови 500 км автопат, да изградат нови електроенергетски објекти, 100 000 денари плата за докторите. Граѓаните тоа го очекуваат тоа од СДС. Ќе повторам не очекуваат зголемување на даноците кое што го најавуваат СДС.

Граѓаните од СДС очекуваат да го реализираат ветеното во периодот на предизборието“, изјави Лилјана Кузмановска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -