- Поради потребите кои ги имаме во Делчево и потребите за задржување на наши ученици кои имаат послаб успех кои своето образование го продолжуваат во соседнте градови, Кочани, Штип, Скопје, одлучивме да воведеме струка-келнер, тригодишно образование кое на некој начин ќе ги задоволи потребите и на учениците со послаб успех, но и потребите во градот, угостителските објекти, изјави Билјана Петровска, директор на СОУ „М М Брицо“- Делчево.
Оваа насока на идните келнери им нуди професионализација и конкурентност на пазарот на трудот.
- Од искуство можеме да кажеме дека наши ученици одат во соседните држави, како Бугарија, Италија и сл и работат како келнери и сметам дека со верификацијата на овоаа насока , понатаму ќе можеме да одржуваме обуки за сите оние кои ќе сакаат да бидат професионални келнери, кажа Петровска.
Доколку анализите од терен се потврдат и во практика, односно се формира една паралелка за келнери, тогаш училиштето ќе понуди и отворање на други усгостителски насоки.
Повеќе за ова на следниот линк: ТВ СТАР