3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Граѓанска платформа за разрешување на политичката криза – Проф. д-р Ненад Новковски

Пишува: Проф. д-р Ненад Новковски

Имајќи ја предвид политичката волја на граѓаните јасно изразена на неодамна завршените предвремени парламентарни избори за излез од политичата криза, недвосмислено и неодложно се наметнува остварување на следнава

Граѓанска платформа за разрешување на политичката криза во Република Македонија

Клучните појдовни основи за ова се:

  1. Бројот на гласови за досегашната владејачка коалиција што е помал од бројот на гласови на граѓаните доверен на партиите и коалициите што се изјаснуваат против продолжување на владеењето на актуелната власт и
  2. Пратениците имаат обврска да се групираат на таков начин што ќе ја одразат волјата на мнозинството избирачи, а тоа, согласно со утврдените броеви на гласови по политички партиии и коалиции, е оваа власт да се смени.

Неопходните услови за успешна реализација се:

  1. Хипотеките и сите други инструменти за обезбедување безразложна послушност на пратениците кон партиските водства, ќе се сметаат за противзаконкси и секој обид за нивна примена ќе биде строго санкциониран и
  2. Формирање на техничка влада што ќе ја изразува волјата на избирачите од редови на професионалци што не се обврзани на никаков начин кон политичките лишности коишто се засегнати со правосудните предмети поврзани со кризата што се во тек.

Бараните цели ќе ги оствари Техничка Влада којашто ќе биде ослободена од притсокот на клиентелизмот на партиите и дневнополитичките пазарења.

Прва цел ќе биде итно затворање на клучните предмети поврзани со масовното прислушување на граѓаните и злоупотребите поврзани со него. За таа цел ќе се обезбедат сите ресурси на постојните институции и ќе бидат формирани нови, неопходни за ефикасно и навремено затворање на случаите.

Техничката Влада ќе ги укине сите одредби на законите со коишто се наметнуваат преголеми обврски и санкции за граѓаните. Ќе бидат укинати сите законски решенија со коишто се отстапува од правецот на европските интеграции, како што е случајот со оние што отстапуваат од Болоњскиот Процес.

Техничката Влада ќе ги укине сите нерационално основани агенции, ќе ги редуцира платите на функционери во агенциите што неосновано драстично отстапуваат од вообичаените и ќе ги ги укине сиет привилегии што излегуваат надвор од системот и вообичаената пракса во демократските држави.

Со цел за затворање на процесот на реализација на Рамковната спогодба, а во функција на афирмирање на принципот на справедливост, неопходно е процесуирање на запрените предмети вратени од специјалниот суд во Хаг, коишто не се дел од изворниот закон за амнестија.

Спорот за името ќе биде решаван врз основа на хармонизирана позиција на сите релевантни политички субјекти,откако ќе бидат обелоденети досегашните активности на надлежните институции, што е неопходен услов да може јавноста да биде запознаена и за конечната одлука да се утврди став на референдум. Недопустливо е постојано да се повикува на референдум, а притоа сите активности да се спроведуваат во невидена тајност.

Ќе биде сменет изборниот систем со воспоставување на активна регистрација на избирачите и пропорционален изборен модел со една изборна единица.

После обезбедувањето на клучните услови за решавање на политиката криза ќе бидат по забрзана постапка потпишани договорите за членство во НАТО и отпочнување на преговори со Европската Унија, а веднаш потоа организирани фер и демократски избори за нов состав на Собранието на Република Македонија.

Партиските лидери се повикуваат да не се спротивставуваат на никаков вначин на волјата на граѓаните и да се стават во служба на спроведување на оваа Платформа, преку заедничка поддршка на формирањето на Техничка Влада што нема да биде условена од нивните интереси.

 

поврзани објави

Последни објави